Српски автобус се преврте во Хрватска, двајца загинати

Објавено:

Тешка автобуска несреќа со смртни последици утрово се случи на автопатот А3 во Хрватска, каде автобус со српски регистарски таблички излета од патот и се преврте на делницата меѓу Иваниќ – Град и Загреб, јавуваат хрватски медиуми.

Според првичните информации, во возилото се наоѓале 33 патници и двајца возачи. Првите информации се дека две лица се загинати и уште неколкумина се повредени.

Очевидци опишуваат вознемирувачки сцени на местото на несреќата. Дел од повредените лежеле на тревата, покриени со ќебиња, додека спасувачките екипи им помагале. Од силината на ударот била оштетена заштитната ограда, а автобусот останал превртен на едната страна.

На местото на несреќата се испратени противпожарни единици и хелихоптер.

„Се чини дека има многу повредени. Лежат на тревата под ќебиња, а некои веќе се испратени во болници. Заштитната ограда во близина на лентата за запирање е скршена, автобусот се преврте на страна на тревата“, изјавил очевидец за хрватскиот медиум „24 сата“.

Неколку повредени патници ќе добијат медицинска помош во болниците во Загреб.

Иако автобусот бил со српски регистарски таблички, засега нема официјални информации за државјанството на загинатите и повредените, ниту за дестинацијата кон која патувале. Се утврдуваат причините поради кои автобусот излетал од патот.