Трамп тврди – Ормускиот теснец е исчистен од мини, Рубио вели-Вашингтон нема да го нападне Иран пред ноември

Објавено:

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека американската морнарица ги отстранила или уништила сите мини во Ормускиот Теснец.

Во објава на својот профил на социјалната мрежи Truth Social, Трамп наведе дека Иран бил предупреден оти секој брод или чамец што поставува нови мини ќе биде „веднаш и систематски уништен“. Иран засега нема коментар за ова прашање.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, пак, им кажал на министрите за надворешни работи од неколку земји дека Вашингтон нема да го нападне Иран пред ноемвриските избори за Конгресот на САД, објави израелскиот Канал 12, повикувајќи се на два извори запознаени со дискусиите.

Според овие извештаи, американската администрација во моментов е фокусирана на зголемување на економскиот притисок врз Техеран и воспоставување безбедна пловидба низ Ормускиот Теснец, наместо на нова воена операција против Иран.

Изворите велат дека Рубио не ја исклучил можноста за воена акција на САД доколку Иран започне нови непријателски дејствија.

Затворањето на Ормутскиот теснец предизвика големи флуктуации на цените на нафтата на светските пазари. Пред војната, околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас минуваа низ овој морски премин.

Конфликтот започна на 28 февруари со воздушни напади на САД и Израел врз Иран, по што Техеран возврати со напади врз Израел, американските бази во регионот и арапските сојузници на САД во Персискиот Залив.

Прекините на огнот на огнот што требаше да овозможат разговори за завршување на војната оттогаш пропадна, додека продолжија спорадичните судири меѓу САД и Иран.