Трамп во Белата куќа ќе ги прими Нетанјаху и Зеленски

Објавено:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе се сретне со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, јави Ројтерс.

Нетанјаху и Зеленски ќе присуствуваат на комеморацијата на починатиот американски сенатор Линдзи Греам.

Тоа ќе биде прва средба Трамп – Нетанјаху од почетокот на војната на Блиски Исток.

  • „Ова средба е голема чест, но и голема одговорност. Ќе разговараме за сите теми … но пред сè за Иран. Нашата цел, секако, е да се гарантира нашата безбедност, но и да се прошири кругот на мирот околу нас“, изјави вчера Нетанјаху.

Се очекува Трамп и Нетанјаху да разговараат и за рамковниот договор помеѓу Израел и Либан, како и за ситуацијата во Појасот Газа.

Зеленски ќе побара од Трамп поддршка за војната со Русија, додека дипломатските напори на САД за завршување на војната се во застој.

Зеленски на претходната средба во Вашингтон, во октомври 2025 година не успеа да го убеди Трамп да и испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина.

И војната во Украина и растечкиот конфликт на Блискиот Исток се во критична фаза. По пропаѓањето на прекинот на огнот во војната со Иран, Трамп вели дека ги прекинал воздушните напади на САД за да ѝ даде на дипломатијата уште една шанса. Зеленски, во меѓувреме, е охрабрен од неодамнешните успеси на Украина.

Сепак, засега не се гледа крај за ниту за еден од конфликтите.