ВИДЕО: „Собрав гласови за избори, зошто не ме вработивте?“ – непријатно прашање за Вучиќ пред камери

Објавено:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја посети српската општина Нова Варош, на југот на земјата, каде доби непријатно прашање: Зошто не ја добив работа која ја ветивте ако соберам гласови за избори?“.

Имено, Вучиќ за време на посетата одговараше на прашања од насобраните граѓани, кога една жена реши да го праша за ветувањето што и било даде. Прашањето не го упати само до Вучиќ, туку и до в.д. директорот на „Србијашума“ Крсто Јањушевиќ и градоначалникот на Нова Варош Бранко Бјелиќ, кои стоеја зад претседателот.

„Можат ли Крста Јањушевиќ и Бранко Бјелиќ да ми одговорат? Во 2020 година ми беше ветено дека ќе добијам работа. Тогаш ми беше кажано дека ако соберам одреден број гласови, ќе добијам работа“, рече жената.

Таа додаде дека Бјелиќ е нејзин сосед и оти оттогаш не разговарал со неа.

„Ме интересира зошто не ја добив таа работа, а ми беше ветено дека ќе ја добијам“, рече таа.

Вучиќ прво, обраќајќи се кон толпата, рече дека никој нема да биде отстранет од средбата и дека секој има право да каже што сака.

„Ние нема да отстраниме никого додека сум тука. Секој има право да каже што сака“, рече претседателот на Србија, по што ја замоли граѓанката да му дозволи да одговори на нејзиното прашање.

Вучиќ ѝ кажа дека проблемот што го има со Јањушевиќ и Бјелиќ треба да го реши со нив.

„Она што го имаш со тие двајца, ќе го решиш со тие двајца. Зошто не одевте кај нив во општината?“, праша Вучиќ.

Жената му рече дека одела и оти на тоа останало.