Активни се пожарите во Маврово-Ростуше и Шуто Оризари

Објавено:

Изминатото деноноќие било исклучително динамично за противпожарните екипи ширум земјава, покажуваат податоците од Центарот за управување со кризи. На отворен простор беа регистрирани вкупно 27 пожари, од кои 22 од нив се веќе целосно ликвидирани.

Во моментов, борбата со огнената стихија сè уште трае на две локации. Активен е пожарот во Општина Маврово и Ростуше, каде што гори шума во месноста Голем Брдаш, а пожарникарите интервенираат и во Општина Шуто Оризари, каде што е запалена депонија кај Визбегово, во непосредна близина на хотелот „New Star“.

Под целосна контрола се ставени уште три пожари, со што е спречено нивното понатамошно ширење. Станува збор за пожарот над селото Палиград во Општина Зелениково, оној кај селото Копаница во Општина Сарај, како и пожарот во струшкиот регион кој ги зафати атарите на селата Пискупштина, Буринец и Локов.

Последни објави