Американците и Иранците разговараат очи в очи – ќе има ли успех?

Објавено:

Во тек се трилатерални разговори меѓу американските и ирански претставници, со посредство на Пакистан, пишува Би-би-си откако започнаа преговорите за прекин на огнот на Блискиот Исток.

Откако првично беше објавено дека разговорите се водат индиректно преку пакистанските посредници, британскиот радиодифузер, повикувајќи се на извори од пакистанската влада, објави дека сега во тек се трилатерални директни разговори.

Ова, како што пишува, е историски момент бидејќи за првпат американски и израелски претставници разговараат очи в очи на највисоко ниво меѓу САД и Иран од Исламската револуција во 1979 година.

Во услови на шетање на Пакистан меѓу просториите за преговори, се чини дека Американците и Иранците виделе точки во нивните предлози за кои мислат дека може да постигнат напредок. Каков ќе биде успехот, зависи од тоа кого ќе прашате, наведува „Би-би-си“.

Американската делегација ја предводи потпретседателот на САД Џеј Ди Венс, вклучувајќи го и специјалниот претставник на претседателот Трамп, Стив Виткоф, и зетот Џаред Кушнер. Иранската делегација, пак, ја предводат претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, пристигна во петок.

Американскиот претседател Доналд Трамп, претходно, откако започнаа преговорите што се одржуваат во Пакистан, излезе со порака дека Иран „губи многу“ во војната со САД и Израел.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп напиша дека некои медиуми „сакаат да објавуваат дека Иран победува но, всушност, сите знаат дека губат и тоа губат многу“, пренесува Би-би-си“.

„Нивната морнарица ја нема, нивните воздухопловни сили ги нема, нивниот противвоздушен систем е непостоечки, нивниот радар е мртов, нивните фабрики за ракети и беспилотни летала се претежно уништени заедно со самите ракети и беспилотни летала и, најважно, нивните долгогодишни лидери повеќе не се со нас, фала му на Бога!“, вели Трамп во објавата.

Трамп додаде дека САД почнуваат со „чистење на Ормутскиот теснец како услуга за земјите ширум светот“.

Очите на целиот свет се вперени кон тоа каков ќе биде исходот од преговорите. Војната на САД и Израел со Иран ги зголеми глобалните цени на нафтата, предизвика голема штета на енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, а илјадници луѓе загинаа.