Австралија и Нов Зеланд може да станат придружни членки на ЕУ

Објавено:

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави дека земји како Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада и да станат придружни членки на Европската Унија, во време кога земјите со слични размислувања се стремат да ги зајакнат меѓусебните врски.

„Постојат земји со кои сакаме да го продлабочиме нашиот однос. Не се сомневам дека ова ќе вклучи и други земји и оти други ќе ни затропаат на вратата. Во неизвесни времиња како ова, важно е да имаме пријатели“, рече Мецола пред говорот на канадскиот премиер Марк Карни.

Европската Унија веќе има трговски договори со Австралија и Нов Зеланд, што може да биде почетна точка за поблиска соработка. Сличен однос беше предложен и со Канада, која потпиша сеопфатен трговски договор со ЕУ во 2016 година.

По објавувањето на европскиот план, Трамп им рече на новинарите дека ќе разгледа воведување нови царини на Европската Унија доколку асоцијативното членство стане „непријателско“. Вашингтон и Брисел имаат трговски договор со кој се наметнува царина од 15 проценти за стоки од ЕУ.

Мецола ги минимизираше тие закани и рече дека ЕУ ги гледа односите со Канада и САД одделно. Таа рече дека целта на Унијата не е спротивставување на која било земја, туку соработка врз основа на правила.

Последни објави