Младите во Македонија живеат со мама и тато до 30,7 години, во Финска до 21 година

Објавено:

Младите во Македонија живеат со своите родители до 30,7 години. Тоа е повеќе од просекот во ЕУ, каде тие го напуштаат родителскиот дом на 26,3 години.

Генерално, забележува Евростат, насекаде во Европа има тенденција на подолго останување на младите во домовите на родителите, а тоа се поврзува со стапката на нивната вработеност која во 2025 кај популацијата на возраст од 20 до 29 години во ЕУ изнесувала 65,5 %.

Кога станува збор поединечно за европските земји, први кои се осамостојуваат кога е во прашање домот се Финците кои заминуваат на 21,4 години.

Веднаш зад нив се и младите во Данска кои живеат со родителите до 21,8, потоа во Естонија и Литванија – 22,7 години.

Најдолго со мама и тато, пак, остануваат да живеат Хрватите – до 31,5 години, а тука се и Грците и Словаците – до 30,9 години, како и Шпанците и Италијанците – 30,2 години.

Од земјите во регионот, слично како во Македонија е и во Србија – се живее со родителите до 30,1 година, како и во Босна и Херцеговина – до 29,5. Во Бугарија младите остануваат кај родителите до 27,9 години.

Последни објави