Европската Комисија ја повика Канада да стане придружна членка на ЕУ

Објавено:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на својот годишен говор за состојбата во Унијата, во средата ја повика Канада да стане првата придружна членка на Европската унија.
Таа во Европскиот Парламент во Стразбур изјави дека Унијата сака односите со Канада да ги подигне на највисоко можно ниво.
„Затоа сакам да работам со вас на отворање на вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му порача Лајен на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води своевидна трговска војна со администрацијата на Доналд Трамп.
Фон дер Лајен односите со Канада, земја која „ги споделува европските вредности“, ги нарече сојуз за иднината во новиот свет, во кој мора да се градат глобални коалиции за отпорност на демократиите.

Канадскиот премиер уште на почетокот на годината, во швајцарски Давос, предупреди дека светот не минува низ транзиција, туку низ нагло кршење на досегашниот поредок. Тој тогаш изјави дека средните сили затоа треба да се здружат за да бидат на масата, а не на менито.
Пред неколку дена тој изјави дека Канада сака „единствен сојуз со Европската унија“.
„Не сакаме да станеме членка на Европската унија. Ги споделуваме истите вредности, имаме исти приоритети, а и нашите предности се многу комплементарни“, изјави Карни.

Последни објави