Кристијан Корабоски, осомничен за претепувањето на 26-годишната Сара во Охрид, доби 30 дена притвор, откако вчера беше поднесено обвинение против него.
31-годишниот охриѓанец вечерта помеѓу 14 и 15 ноември физички ја нападнал девојката која изгубила свест. Тој ја исфрлил и од автомобилот на улица во Охрид.
Со обвинението тој се гони за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
„При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“, соопштија од ОЈО Охрид.
Случајот предизвика дополнителен револт во јавност бидејќи Корабоски првично се гонеше само за тешка телесна повреда и беше пуштен на слобода со мерки за претпазливост.
Сите детали за случајот се ТУКА.


