Насилникот од Охрид лишен од слобода, таткото на девојката е пуштен со мерки на претпазливост

Објавено:

Охриѓанецот К.К., кој ја претепа 26-годишната Сара и ја исфрли од автомобил на улица, но беше пуштен на слобода со мерки на претпазливост, повторно е лишен од слобода и се очекува за него да се бара построга мерка – притвор.

„Тој е лишен од слобода, очекуваме дека ќе му биде изречена мерка притвор. Лишување е по наредба на јавен обвинител, а е поврзано со члено 131 став 2 од Кривичниот законик“, изјави за Колегиум.мк, Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Членот 131, став 2, според Кривичниот законик, се однесува на тешка телесна повреда при семејно насилство.

Во исто време, таткото на претепаната девојка, е пуштен од полициска станица каде беше задржан, и за него се изречени мерки на претпазливост, посочи Димоски.

За потсетување, таткото беше задржан во полициска станица поради закани кон семејството на осомничениот за насилство.