Битолчанецот кој избега низ прозор како осомничен за семејно насилство, се предаде на полицијата

Објавено:

Момчето од битолско, осомничено за семејно насилство, кое пред неколку дена избега низ прозор во полициска станица, денеска се предал на полицијата.

Информацијата ја потврдија и од СВР Битола велејќи дека во координација со адвокатот на 24-годишникот и битолското Основно јавно обвинителство (ОЈО) презеле мерки за тој доброволно да се предаде.

„Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола“, велат од МВР.

Против 24-годишното момче на 11 ноември беше поднесена кривична пријава за две кривични дела: загрозување при семејно насилство и телесна повреда при семејно насилство.