Поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака ја прифати номинацијата на владејачката партија Тиса за претседател на Унгарија, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар.
Маѓар во објави на Фејсбук напиша дека Бака ја прифатил номинацијата од желба да ѝ служи на нацијата и да работи за единството на унгарскиот народ и создавањето демократска, европска Унгарија.
Маѓар објави фотографија направена за време на средбата со Бака, кога лично му пренел дека пратеничката група на владејачката партија Тиса на состанок гласала за номинирање на поранешниот претседател на Врховниот суд за претседател на Унгарија.
Се очекува, Парламентот задутре на седница да го избере Бака на оваа функција.
Бака, кој се очекува да стане нов претседател на Унгарија, беше сменет од претседателската функција во Врховниот суд од страна на власта на Орбан во 2011 година.
Европскиот суд за човекови права во 2014 пресуди дека Унгарија го отстранила Бака поради критикување на владата и дека неговото разрешување им штети на демократските слободи во Унгарија. Орбан, пак, ги негираше наводите во пресудата.
Бака ќе дојде на местото на Тамаш Шујок, кого Маѓар го нарекуваше „кукла на Орбан“.



