Дете на 13 години се бори за живот на клиника, откако врсник го прободел во срце при тепачка во Чаир

Објавено:

Дете на возраст од 13 години се бори за живот на скопската клиника откако во синоќешна тепачка во скопски Чаир беше прободено со нож. Тепачката настанала околу 22 часот на 31 август, меѓу момчиња на возраст од 13 до 19 години, при што вкупно три момчиња се повредени. Во инцидентот користеле ножеви, пендреци и безбол палки велат од полицијата.

„Момче на возраст од 13 години има убод со нож во пределот на срцето и е во многу тешка критична состојба. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

Од петте момчиња кои учествувале во тепачката четворица биле малолетни, а едно полнолетно.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека приведен е 13 -годишник кој со нож им ги нанел повредите на трите момчиња. Тешки телесни повреди има и 19 годишнното момче.

Полицијата го расчистува случајот и ги утврдува улогите на сите учесници во инцидентот. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

infografika - prijavi za vrsnicko nasilstvi
Инфографика – Пријави за врсничко насилство (Извор: МВР – Графика: Емил Златков)

Во меѓувреме, Министерката за образование Весна Јаневска на 1 септември, првиот училиштен ден им посака на учениците  мирна училишна средина, во која нема да има карања и тепачки,

“Навредите, погрдните зброви и насилството не значат дека сте јаки, напротив, тие се знак на слабост“, изјави таа.

Пораката следува по минатата бурна училишна година, во која беа забележани околу десетина посериозни инциденти на врснички насилство.