Јавното Претпријатие Комунална хигиена- Скопје соопшти дека започнало да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини, што Претпријатието ги стекна преку донација од Министерството за транспорт и врски и Град Скопје.
Станува збор за камиони со зафатнина од 21, 17, 8 и 3 кубни метри, автоцистерни наменети за машинско миење на улиците, како и специјализирани метларки наменети за машинско метење.
Претпријатието продолжува и со поставувањето на новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, а досега е извршена замена на приближно 500 контејнери.
Екипите на ЈП Комунална хигиена- Скопје вршат и рачно миење на сите локации каде што се поставуваат новите садови за одлагање на отпадот, се вели во соопштението од Комунална хигиена.


