Трамп тврди дека Зеленски не сака да ја заврши војната

Објавено:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне во постигнувањето мир. Тој порача дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина.

„Овој конфликт можеше да биде решен одамна, да ме послушаше, се сеќавате како беше во Овалната соба? Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг наместо Зеленски за мировните преговори“, им изјави Трамп на новинарите пред Белата куќа.

Во објава на социјалната мрежа Трут соушл, Трамп напиша дека на Зеленски не му е грижа за завршувањето на војната и дека, и покрај големата финансиска помош што Европа ѝ ја дава на Украина, украинскиот претседател не сака да ја заврши војната и веројатно никогаш не сакал.

Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина.

„Русија, искрено кажано, се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо посебно“, напиша американскиот претседател.

Трамп објави и дека е подготвен да разгледа можност за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, на која би било разговарано и за ситуацијата во Украина.

„Ќе разговаравме за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, би учествувал“, изјави Трамп.