Двајца државјани на Србија и еден Македонец се уапсени во полициска акција во Скопје под сомнение дека планирале нарачано убиство по налог на криминална група. Според информациите од српското МВР, уапсениот е член на организирана криминална група и илегално влегол во Македонија.
Српскиот државјанин С. М. (42) бил пронајден и приведен во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР, соопштија од српската полиција.
Осомничениот бил пронајден на локација во Скопје, каде полицијата при рација открила арсенал оружје и специфична тактичка опрема. Меѓу запленетите предмети се пиштол марка „CZ“ со целосна рамка, воен нож, како и црна тактичка униформа. Кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице, која ја користел за лажен идентитет.
Од македонската полиција велат дека дојавата дошла од АНБ, а акцијата ја водел обвинител од организиран криминал.
Од МВР велат дека по документирањето на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.


