Евакуација во „Сити мол“ поради лажна дојава за бомба

Објавено:

Полицијата спровела евакуација во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје откако стигнала дојава за поставена бомба. Полицијата направи проверски по што Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерта на 25 април соопшти дека дојавата е лажна.

„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби”, информира МВР.

Минатиот викенд, на 19 април, имаше дојави за бомби во други два трговски центри во Скопје – „Дајмонд“ и „Ист гејт“. По проверките беше утврдено дека се лажни.

Дојавите за бомби не се новина со која се соочуваат безбедносните институции во земјава. Изминативе години често стигаа лажни дојави за поставени експлозивни направи на јавни места, а најмногу во училишта. Само во февруари 2025 имаше над 200 дојави за во училишта.