Фон дер Лајен „згрозена“ од снимките од погребот на Младиќ

Објавено:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека била „згрозена од снимките“ од погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград минатата недела.

Фон дер Лајен во говорот за Состојбата на Европската Унија во Европскиот парламент рече дека поранешниот командант на Војската на Република Српска „извршил едни од најстрашните злосторства против човештвото“.

Говорејќи за кандидатите за членство во ЕУ – Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан, таа рече дека сите тие земји се „блиску до нашата Унија“.

„И токму затоа што нивната иднина е во нашата Унија, наскоро ќе предложиме патни мапи за кандидатите кои најдалеку напредувале во процесот“, рече Фон дер Лајен.

Наведувајќи дека процесот на проширување на ЕУ и понатаму ќе се заснова на заслуги, таа истакна дека „почитувањето на нашите вредности не е предмет на преговори“.

„Бев згрозена од снимките од погребот на Ратко Младиќ во Белград минатата недела“, додаде во тој контекст шефицата на Комисијата, со порака дека „за величeње на воени злосторници едноставно нема место во Европската Унија“.

Наведувајќи дека процесот на проширување на ЕУ и понатаму ќе се заснова на заслуги, таа истакна дека „почитувањето на нашите вредности не е предмет на преговори“.

„Бев згрозена од снимките од погребот на Ратко Младиќ во Белград минатата недела“, додаде во тој контекст шефицата на Комисијата, со порака дека „за величање навоени злосторници едноставно нема место во Европската Унија“.

Младиќ, осуден од Хашкиот трибунал за геноцид и други воени злосторства во Босна и Херцеговина, беше погребан на 7 септември во Белград со воени и државни почести.

Погребот на Младиќ во вторникот беше и предмет на расправа во Европскиот парламент, со повици ЕУ да заземе поостар став кон Србија и да се разгледа дали треба да продолжат пристапните преговори со таа земја.

Последни објави