Првпат откако беше воспоставено примирје со САД, Иран ги нападна Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) истрелувајќи четири крстосувачки ракети.
Поради нападите, властите двапати ги предупредија граѓаните на опасност.
Според информациите од Министерството за одбрана на ОАЕ, три од четирите ракети биле соборени, а една паднала во морето.
Покрај тоа, биле лансирани и дронови од кои еден предизвикал и пожар во индустриската зона Фуџаира – најголемото пристаниште и централно складиште за нафта во ОАЕ. Повредени се тројца државјани на Индија.
ОАЕ и претходно беа цел на напади од Иран.
Лансирањето ракети и дронови кон ОАЕ следува откако американската армија соопшти дека два трговски брода поминале низ Ормускиот Теснец во обид да се обнови комерцијалниот сообраќај на бродови.
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) ваквите тврдења ги оцени како лажни, а исто така предупреди и оти за секое движење спротивно на упатствата на морнарицата на Гардата ќе има „сериозни ризици“.
Фото: Илустрација


