Иранец ја тужи ФИФА за испаѓањето на Иран од Мундијалот и бара 850 милиони евра отштета

Објавено:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и нејзиниот претседател Џани Инфантино добиле тужба од Иранец, вредна околу 850 милиони евра, за наводна дискриминација што, според тужителот, довела до елиминацијата на Иран од Светското првенство, пренесоа светските новински агенции.

Тужбата пред Федералниот суд во Бостон ја поднел иранско-американскиот државјанин Лотфолах Кавех Афрасијаби, кој тврди дека постапува во име на 91 милион Иранци. Во центарот на спорот е поништениот гол на Шоџае Халилзадех против Египет во судиското продолжение. Доколку погодокот бил признаен, Иран ќе обезбедел пласман во нокаут-фазата, но по интервенција на ВАР бил поништен поради офсајд.

Во тужбата се наведува дека спорната судиска одлука предизвикала голема емоционална штета кај иранските навивачи, а Афрасијаби тврди дека располага со „јасни и неоспорни докази“ дека репрезентацијата не добила фер третман.

Покрај судиската одлука, во тужбата се наведуваат и други неправилности, меѓу кои ограничувања при патувањето, ненадејна промена на тренинг-центарот и одбивање визи за 11 членови на иранската делегација. Според тужителот, овие околности значително ја нарушиле подготовката на репрезентацијата, која групната фаза ја завршила без пораз, со три нерешени натпревари.

Од ФИФА засега нема официјална реакција на изнесените обвинувања.