Кина откри вода под нејзината најголема пустина

Објавено:

Кинеските геолози открија два големи извори на вода под најголемата пустина во Кина во регионот Синџијанг, што би можело да обезбеди вреден нов ресурс за проекти за намалување на ширењето на песокот, како и за земјоделството, се наведува во извештаите на кинеските медиуми, пренесоа светските новински агенции.

Овој пустински регион привлече внимание благодарение на обемните активности за загадување и борбата против ширењето на пустините на неговите граници во рамките на иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во количествата на врнежи што го трансформираат сувиот западен дел од Кина, објавува Scmp.

Подземна вода е откриена за време на проектот за пребарување вода во пустината Такламакан, што го спроведе локалниот геолошки завод во автономниот регион Синџанг-Ујгур.

Овие наоди го доведоа во прашање врежаното мислење дека под површината на пустината се наоѓа само застојана и солена вода.

Последни објави