Кошта: Драги граѓани на Северна Македонија, ви се обраќам како на идни членови на ЕУ, иднината ви е во ЕУ

Објавено:

Претседателот на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта, упати честитка до граѓаните на Северна Македонија по повод 9 Мај, Денот на Европа, обраќајќи им се обрати како на идни членови на Унијата.

Во обраќањето, тој рече дека на овој ден се слави заедничкиот европски потфат и моментот кога земјите основачки избраа единство и соработка наместо поделби и конфликти. Кошта вели дека на пепелта од Втората светска војна е изградена иднина која се темели на мир, слобода и просперитет.

„Драги граѓани на Северна Македонија, Ви се обраќам денес како идни членови на Европската унија“, вели во порака Кошта додавајќи дека на Денот на Европа, заедно ги прославуваме нашиот заеднички европски проект кога членките основачи го одбраа единството поделбите и соработката наместо конфликтите. Тие одлучија да изградат иднина заснована на мир, слобода и просперитет на пепелта на Втората светска војна. Веруваме дека вашата иднина е во Европската унија. Се покажува огромен труд за таа визија да стане реалност.. Вашата земја е кандидат за членство во Европската унија многу години. Време е да се направи следниот чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина. Да живее Европа“, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Тој додаде дека европските институции веруваат оти иднината на земјата е во Европската Унија и дека се вложува голем труд за таа визија да стане реалност. Според него, по многу години во статус на кандидат за членство, сега е време да се направи чекор напред кон градење на заедничката европска иднина.

„Веруваме дека вашата иднина е во Европската унија. Се вложува огромен труд за таа визија да стане реалност. Вашата земја е кандидат за членство во Европската унија веќе многу години. Време е да се направи чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина“, рече Кошта.