Лајен до Санчез: ЕУ треба да ги зајакне критичните точки на границите

Објавено:

Претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска испрати писмо до премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во кое наведува дека Европска Унија треба повеќе да направи за да ги зајакне критичните точки на границите на ЕУ.

Во писмото, во кое имаше увид Ројтерс, таа, исто така, ја повторува поддршката на ЕУ за помош на Шпанија во справувањето со нелегалната имиграција, истакнувајќи дека треба да се направи повеќе.

„Во соработка со Шпанија, особено во сè што е поврзано со Сеута и Мелиља, можеме да ги зајакнеме системите за рано предупредување на границите и да ја подобриме нашата техничка и финансиска поддршка за Мароко“, пишува Лајен.

Лајен писмото го испрати откако минатата недела илјадници мигранти од Мароко влегоа во северноафриканската шпанската енклава Сеута, при што загинаа најмалку 72 луѓе. 

Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека преминувањата биле поттикнати од дезинформации на социјалните мрежи, трговија со луѓе и погрешно толкување на одлука на шпански суд, што ги навело мигрантите да веруваат дека можат да влезат во Европа без веднаш да бидат вратени.

Официјалните проценки укажуваат дека вкупно 50.000 до 60.000 мигранти влегле во Сеута од Мароко до петокот, пристигнувајќи на територијата од околу 85.000 жители за само неколку дена.

Мароканското министерство ја процени бројката на околу 40.000 луѓе, со уште 1135 кои се упатиле кон Мелила. Сите оние кои стигнале до Мелила биле веднаш вратени, се вели во соопштението. Мароко го процени бројот на загинати на 11 луѓе.

Мароканските власти продолжуваат да се координираат со Шпанија за да ги проверат извештаите за дополнителни смртни случаи во Сеута и да ги утврдат идентитетите и националностите на засегнатите, соопшти министерството.