Црна Гора е подготвена за приклучување во ЕУ. Главно ги исполни сите барања, порача германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на посетата на Даблин на 28 јули, пренесува Дојче Веле.
Тој вели дека ЕУ мора да стои на својот збор.
„Црна Гора постигна најголем напредок и затоа не би требало да ја оставиме да чека“, вели германскиот канцелар прецизирајќи дека оваа балканска држава треба да стане членка на Унија до крајот на оваа деценија.
Како што пишува ДВ, заднината на ваквата порака од Мерц е барањето на некои земји-членки за пристапувањето на земји-кандидати да биде во пакет односно пристапувањето на Црна Гора да се врзе со пристапувањето на Србија, која заостанува во исполнување на барањата од ЕУ.



