Попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година, информираше Владата по разговорите со компанијата ОКТА за ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството.
Со оваа мерка се намалуваат малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.
Од Владата порачуваат дека остануваат посветени на носење навремени и ефективни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на увезена ценовна криза и глобални енергетски предизвици.
„Во координација со надлежните институции и економските оператори, ќе продолжиме да ги следиме состојбите и да реагираме соодветно, со цел обезбедување стабилност и предвидливост на пазарот. Грижата за граѓаните и поддршката на економијата остануваат наш врвен приоритет“, наведуваат од Владата.


