Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, не даде согласност за предлогот нов амбасадор на Израел во Загреб да биде Нисан Амдур.
Како што соопштија од неговиот кабинет, претседателот се решил на ваков чекор поради „актуелната политика на израелските власти“.
„Предложениот амбасадор на Државата Израел не доби, ниту ќе добие согласност од претседателот Зоран Милановиќ“, соопштија од претседателскиот кабинет додавајќи дека Хрватска има суверено право да даде согласност.
Оттаму потенцираат и дека никакви јавни или политички притисоци нема да ја променат одлуката.
Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран.
Сепак, како што објави израелските медиуми, Амдур, кој беше одобрен како замена за сегашниот амбасадор Гари Корен, ќе пристигне во Хрватска на крајот на мај како вршител на должност, позиција за која не е потребно одобрение од претседателот.


