Директорка на Meѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека глобалните економски нерамнотежи се зголемиле на 0,7 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП) во 2025 година, при што Кина и САД имаат најголем придонес кон тој раст, пренесе Ројтерс.
Зборувајќи на прес-конференција за време на годишните состаноци на ММФ во Бангкок во 2026 година, Георгиева ја повика Кина да го промени својот модел на економски раст и да го префрли фокусот од извоз на домашна потрошувачка, додека од САД побара да го намалат јавниот долг и буџетскиот дефицит.
„Кина треба да троши повеќе. САД треба да штедат повеќе. А Европа треба да инвестира повеќе“, заклучи Георгиева.
Таа, исто така, истакна дека европските економии треба да ја подобрат конкурентноста и да ги зголемат инвестициите, пренесува Баха.
Георгиева ги повика владите да ги зајакнат јавните финансии: скапата енергија, растечкиот долг и ризиците од вештачката интелигенција го зголемуваат притисокот врз глобалната економија.


