Корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм на 12 јуни се соочија со тешкотии при пристапот до нивните профили на Мета. Апликациите Фејсбук, Инстаграм и Месинџер беа целосно недостапни помалку од еден час. Според бројни пријави на платформите за следење на интернет-сервиси, проблемите започнале во попладневните часови и брзо се прошириле на повеќе земји.
Според извештаите на корисниците на платформата Downdetector, проблемите започнале ненадејно и се манифестираат на неколку начини.
Корисниците на Фејсбук масовно се одјавени од своите профили и не можат повторно да се најават, додека корисниците на Инстаграм имаат тешкотии при испраќање пораки и објавување содржина.
Пристапот до аппликацијата Месинџер беше оневозможен, се бараше повторно логирање по што се заглави на статусот „се поврзува“ и испраќањето пораки е целосно суспендирано.
Сè уште нема официјална изјава од МЕТА за причините за денешниот масовен прекин. Компанијата сè уште не објавила детали за можниот технички проблем што ги зафатил нејзините најпопуларни платформи. Вакви „испади“ не се невообичаени за технолошкиот гигант. Социјалните мрежи кои се во сопственост на една фирма користат иста инфрастурктура и честопати еден проблем се манифестира на сите делови од платформите.


