Нов скок на суровата нафта, денеска над 103 долари за барел

Објавено:

Трет ден последователно цените на нафтата денеска повторно бележат раст, во услови на кревко примирје на војната на Блискиот Исток. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Од почетокот на неделава северноморската нафта поскапе за речиси седум долари по барел, додека американската сирова нафта за речиси четири долари.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за завршување на војната. Во меѓувреме, властите во Техеран сметаат дека се во поповолна позиција поради затворањето на Ормуската Теснина што е важна поморска рута во трговијата со нафта.

Отсуството на напредок во разговорите за прекин на конфликтот негативно ги рздвижи и стоковите берзи.

Вашингтон и Техеран остануваат спротивставени по неколку клучни прашања за ставање крај на војната, вклучително и иранската нуклеарна програма.