Омилените евровизиски песни на Фон дер Лајен и Кошта

Објавено:

Виена, вечерва – 16 мај, ќе биде домаќин на финалето на музичкиот натпревар Евровизија, настан кој годинава го има своето јубилејно 70-то издание.

Несомнено, тоа е еден од најголемите музички настани кој ја обединува европската публика околу телевизиските екрани, но надвор од сцената – секогаш има и политичка димензија.

Дипломатскиот кор во Брисел, на пример, традиционално организира забави и организирано гледање. Лани, претстојното данско претседателство со Советот на ЕУ организираше заеднички прием со швајцарската амбасада. Годинава е потивко, но дел од европските челници, на прашање на „Пилитико“ ги споделија своите омилени песни од Евровизија.

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен издвојува три песни од досегашните изданија на Евровизија: безвременскиот хит „Waterloo“ од групата АББА која настапи за Шведска во 1974 опишувајќи ја како шведски класик кој бил повеќе од победник; „Ne partez pas sans moi“ отпеана од Селин Дион во 1988 за Швајцарија и уште една шведска песна – „Euphoria“ од Лорен во 2012 година.

На претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, омилена му е португалската шансона од 1972-та „E depois do adeus“ од Пауло де Карваљо, песна која стана химна на Револуцијата на каранфилите што ја најави демократската транзиција на земјата.

Целиот текст на Политико можете да го прочитате ТУКА.