Маж убил осум деца, вклучувајќи седум од неговите, и застрелал две жени во напад во населба во Шривпорт, Луизијана, соопштија властите.
„Ова е трагична ситуација – можеби најлошата трагична ситуација што некогаш сме ја имале“, изјави Том Арсено, градоначалник на градот во северозападна Луизијана.
Полицијата соопшти дека мажот застрелал жена во еден дом во населбата јужно од центарот на градот, а потоа се упатил кон втората локација.
Седум деца биле убиени во втората куќа, а едно од нив бил пронајдено мртво на покривот откако очигледно се обидело да избега, изјави портпаролот на полицијата Крис Борделон. Друго дете скокнало од покривот и е хоспитализирано во болница.
Убиените деца се на возраст од 3 до 11 години. Три семомчиња, а пет девојчиња.
Вооружениот напаѓач, идентификуван како 31-годишниот Шамар Елкинс, починал по полициска потера што завршила со пукање на полицајците кон него. Властите не кажаа што можеби го предизвикало насилството, но Борделон рече дека детективите се уверени дека се работело за семеен инцидент.
Елкинс бил уапсен во случај со огнено оружје од 2019 година, но Борделон рече дека службените лица не биле свесни за други проблеми со семејно насилство.
Елкинс и неговата сопруга биле во процес на развод и требало да се појават на суд в понеделник.
Елкинс имал четири деца со својата сопруга и три деца со друга жена која живеела во близина и исто така била застрелана, според Браун. Сите деца биле заедно во една куќа.
Пукањето во Шривпорт, град со околу 180.000 жители, е најсмртоносниот инцидент во САД од јануари 2024 година, кога осум лица беа убиени во предградие на Чикаго.


