Падна мал авион во Хрватска, загинаа неколку лица

Објавено:

Неколку лица загинаа по пад на мал авион во близина на хрвстскиот град Медулин, објавија локални медиуми.

Интернет порталот „Вијести“ јави дека полицијата ја добила пријавата за падот на авионот во 11:18 часот, по што сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот.

Официјални лица потврдија дека во авионската несреќа загинале неколку лица.

Според неофицијалните информации што ги пренесуваат хрватски медиуми, четири лица загинале, а по други две сè уште се трага.

Причините за несреќата се истражуваат.