Рама не се откажува од „луксузот“ на зетот на Трамп, фламинго револуцијата продолжува

Објавено:

Албанија ќе продолжи со реализација на луксузниот туристички проект кој го планира зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, на оддалечен дел од балканското крајбрежје, и покрај упорните протести поради неговото влијание врз животната средина, изјави албанскиот премиер Еди Рама за Ројтерс.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на главниот град Тирана, како и на јужното крајбрежје каде што е планиран ресортот, барајќи проектот да се стопира поради влијанието врз заштитеното мочуриште кое е живеалиште на фламинга, фоки и место за гнездење на морски желки. За време на протестите, фламингото стана симбол на демонстрантите кои носат розови надувани птици и транспаренти со натпис „Фламинго револуција“. На крајот на синоќешниот собир во Тирана, осми по ред, беше упатен повик за одржување сенароден протест на 10 јуни во Тирана, за да се зголеми притисокот врз властите за преиспитување на проектот.

Рама останува при својот став и изјави за Ројтерс дека инвеститорите во наредните месеци ќе ја „воодушеват“ јавноста со своите планови, како и дека делови од ресортот би можеле да бидат отворени за посетители пред крајот на деценијата.

„Ви велам, тоа ќе биде прекрасен проект и ние ќе го реализираме и ќе бидеме горди што придонесуваме за тоа во Европа. Избран сум да остварувам вакви работи. Не сум избран да ме водат луѓе кои имаат поинаква визија за развојот на земјата“, рече Рама за време на интервју во својата канцеларија, неколку метри од местото каде секоја вечер се одржуваат протести против проектот.

sezan ostrov
Островот Сезан

Не се бара само стопирање на проектот на Кушнер

Илјадници луѓе излегоа во понеделник навечер на улиците на Тирана барајќи стопирање на проектот, но истовремено изразија и низа незадоволства од тринаесетгодишната власт на Рама, за која тврдат дека не успеала да ја сузбие корупцијата ниту да ги подобри основните јавни услуги.

Рама (61), поранешен кошаркар и уметник, а сега е еден најпопуларарните политичари во регионот кој е на власт од 2013 година и се стреми да ја воведе Албанија во ЕУ, е горд на процесот на модернизација на земјата која со децении стагнирала под особено ригидна комунистичка диктатура до 1990-тите, пишува АФП.

Што сакаат да градат Џаред и Иванка

Проектот за ресортот што го поддржува го осмислиле Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп, кои, како што рекле, пред неколку години за време на патување со брод ја засакале Албанија. Рама тогаш ги запознал и ги оценил како „многу пријатни, скромни… добри луѓе“.

Денес инвестиционата фирма на Кушнер, Affinity Partners, е вклучена во проект вреден 1,4 милијарди евра во близина на заштитеното подрачје Вјоса–Нарта, како и во уште еден проект на блиското острово Сазан.

Протестите започнаа кон крајот на мај кога локацијата во близина на Вјоса–Нарта беше оградена со бодликава жица за време на работите на пристапниот пат и други подготвителни активности. Во судирите со приватното обезбедување беа повредени неколку демонстранти, а незадоволството потоа се прошири и во Тирана.

Во меѓувреме оградата беше отстранета, а Рама призна дека нејзиното поставување било „срамна идеја“, пренесе АП.

Сепак, тој ја намали загриженоста за животната средина, наведувајќи дека проценката за влијанието врз околината сè уште не е завршена и дека ќе се спроведе паралелно со работите.

Балкански планови

Џаред Кушнер имал планови и за уште еден проект на Западен Балкан, во Србија.

Тој најави ревитализација на комплексот на Генералштабот, урнат во НАТО-бомбардирањето во 1999 година.

На тоа, меѓутоа, жестоко се спротивставија претставници на стручната јавност, опозицијата, како и студентите во блокада.

Откако во декември 2025 година српското Јавно обвинителство за организиран криминал поднесе обвинителен предлог против министерот за култура Никола Селаковиќ, фирмата на Кушнер соопшти дека се повлекува од проектот. Судскиот процес против министерот Селаковиќ сè уште е во тек.