САД разговараат со Иран и нема да го нападнат пред ноемвриските избори, тврди Трамп

Објавено:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави водат разговори со Иран и оти нема да извршат напад врз таа земја пред изборите за Конгресот на средината на мандатот во ноември.

„Водиме продуктивни разговори со Исламската Република Иран“, напиша Трамп во објава на мрежата Truth Social.

Тој додаде дека американската блокада на иранските пристаништа останува во сила и оти нафтата минува низ Ормускиот Теснец.

Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, најави дека во наредните неколку дена Техеран ќе одговори на најновиот американски мировен предлог.

Шефот на иранската Организација за атомска енергија, Мохамед Еслами, пак, порача дека Техеран нема да се откаже од збогатувањето ураниум.