Украински преговарачи на разговори во САД

Објавено:

Украинска преговарачка делегација престојува во Соединетите Американски Држави, каде што денеска ќе се сретне со американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

На дневен ред, меѓу другото, се забрзувањето на финансиската помош за Киев и зајакнувањето на противвоздушната одбрана.

Во меѓувреме, на потребата од изнаоѓање излез од конфликтот укажа американскиот државен секретар Марко Рубио.

Тој оцени дека војната во Украина се наоѓа во опасна пат-позиција и предупреди дека ескалацијата би можела да прерасне во многу поширок и далеку поопасен регионален конфликт.

Од друга страна, Москва соопшти дека во моментов нема планови за продолжување на трилатералните преговори со Соединетите Американски Држави и Украина за ставање крај на војната.