Зеленски: подготвени сме за технички преговори со САД и Русија

Објавено:

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија, кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски ова го изјавил за време на разговор со новинарите во Киев, заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој вчера престојуваше во Украина.

„Американската страна контактираше со Украина и Русија и предлага до крајот на октомври, на техничко ниво, во трилатерален формат, да се одржи состанок на некаков начин. Им потврдив дека сме отворени за учество“, рече Зеленски.

Според него, Вашингтон сега го испратил предлогот до Москва и се чека на нивен одговор.

„Реагираме позитивно на преговорите“, рече Зеленски.