Сенатот со силна критика и порака до Трамп: Му кажа „не“ за војната со Иран

Објавено:

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да спречи продолжување на војната против Иран.

„За“ резолуцијата гласаа 50 сенатори, а 48 се изјаснија „против“.

Ова во дел од медиумите се толкува како значајна критика за Трамп и силна порака дека неговата војна нема поддршка од Конгресот.

Резолуцијата беше изгласана по десеттиот обид. Демократите во Сенатот речиси секоја недела предлагаа резолуции за воени овластувања, но не успеваат да го соберат потребното мнозинство за усвојување во тесно поделениот дом, каде што Републиканската партија на Трамп го има мнозинството.

Но, овој пат добија поддршка од дел од републиканците. Републиканските сенатори Ренд Пол, Сузан Колинс, Лиза Мурковски и Бил Касиди беа тие кои им се придружија на демократите во гласањето.

Истата резолуција минатиот месец беше изгласана и во Претставничкиот дом, но таа не бара потпис од претседателот и по дефиниција нема сила на закон.

Ова е првпат двата дома на Конгресот да усвојат резолуција со која се бара од претседателот повлекување на американските вооружени сили од воена операција, откако е донесен Законот за воени овластувања во 1973 година.