Вучиќ ќе штрајкува со глад и ќе им забрани на лекарите да му помагаат

Објавено:

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ и поранешен претседател на Србија, Александар Вучиќ, ја најави можноста за започнување штрајк со глад како начин за борба против новата влада.

Тој додаде дека доколку донесе таква одлука, ќе биде целосно решен.

Зборувајќи за апсењето на главниот уредник на „Информер“, Вучиќ го спомена и штрајкот со глад.

„Се потрудив најдобро што можев да им кажам на луѓето во мојата околина и семејство да бидат подготвени за најлошото. А најлошото не е апсењето. Сега видов што му направија на Драган. Бидејќи знам дека немаат за што да ме апсат, никогаш не зедов пари, никогаш не зедов дневница, ништо“, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека нема да зема терапија, нема да зема ништо и оти прашање на време е кога ќе почне да штрајкува со глад.

„Штом почнам, нема враќање назад. Бидејќи писмено ќе им забранам на лекарите да пружат каква било помош и ќе бидам целосно решен. Но, тоа ќе биде мојата борба против нив, бидејќи тие немаат друго решение“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ „Информер“.