Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави дека синдикалната минимална кошница во октомври достигнала 70.358 денари, односно дека на едно четиричлено семејство му се потребни речиси 1200 евра месечно за да ги покрие основните трошоци за живот.
Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година, која изнесува 69.432 денари, сега таа е зголемена за 926 денари.
Според информацијата од ССМ, само за храна и пијалаци се потребни 26.170 денари, што е повеќе од целата минимална плата, која изнесува 26.046 денари.
Оваа сума не ги вклучува трошоците за домување. Само со додаден износ за изнајмен стан од 60 квадратни метри, месечните издатоци во октомври би изнесувале 85.733 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.


