Состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“ денеска во Њујорк

Објавено:

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин ќе биде италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани.

Како што соопшти Европскиот Парламент, на состанокот, кој е на маргините на Неделата на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите Нации, ќе учествува и претседателката на ова тело, Роберта Мецола.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ вклучува 7 земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија.

Земјите од иницијативата имаат за цел да го одржат Западен Балкан високо на политичката агенда на Европската Унија и да го поддржат регионот на неговиот европски пат.

Последни објави