Спејс Икс на Маск очекува 100 милијарди долари приход до декември

Објавено:

Приходот на Спејс Икс (SpaceX) речиси се удвоил, соопшти компанија која гради ракети за во вселената, во својот прв извештај за заработката откако излезе на берзата. Растот на приходот е поттикнат од нејзината брзорастечка сателитска комуникација Старлинк (Starlink) и бизнисите за вештачка интелигенција (ВИ), јавува новинската агенција Ројтерс. Сепак, раководителите на компанијата во извештајот истакнаа дека бранот на трошење што ги поддржува нејзините амбициозни цели сè уште не е завршен.

Компанијата предводена од Илон Маск изјави дека очекува стапка на годишен приход од 100 милијарди долари до декември, вети враќање на инвестициите за помалку од една година за новите капитални вложувања во ВИ компјутери и предвиде дека ќе лансира најмалку 1.000 сателити од следната генерација Старлинк (Starlink V3) во рок од една година. Исто така, таа изнесе планови за конкурирање на мобилните оператори.

Резултатите за кварталот што заврши на 30 јуни им понудија на акционерите ран тест за инвестицискиот случај зад проценката на SpaceX од 1,75 трилиони долари а тоа е дека дека профитот од брзорастечки бизнис за сателитски интернет може да финансира скап замав во областа на вештачката интелигенција (ВИ), центрите за податоци и ракетите од следната генерација, сè додека тие потфати не созреат во сопствени значајни бизниси.

Иако одделот за вештачка интелигенција на компанијата покажа знаци на стекнување комерцијален замав, раководството сигнализираше дека трошоците потребни за негово изградување и понатаму остануваат огромни.

„Веруваме дека градиме капацитет за пресметување за вештачка интелигенција (AI compute) во големи размери побрзо од кој било друг и значително ги подобруваме нашите AI модели“, изјави Маск за време на разговорот со инвеститорите по објавувањето на финансискиот извештај.

Компанијата пријави приход од 7,8 милијарди долари за периодот од април до јуни, во споредба со 4,1 милијарда долари од претходната година во истиот период, со што ги надмина очекувањата на Волстрит. Приходот од Старлинк (Starlink), кој учествуваше со повеќе од половина од вкупниот приход, порасна за 66%, додека приходот од бизнисот за вештачка интелигенција на Спејс Иск (SpaceX) кој Маск го претстави како главен двигател на идниот раст скокна за околу 250%.

Но, капиталните расходи на компанијата се зголемија на повеќе од 18 милијарди долари од 2,83 милијарди долари една година претходно, а финансискиот директор Брет Џонсен изјави дека очекува капиталните трошоци да бидат слични и во следните неколку квартали. SpaceX значително ги зголеми капиталните вложувања во вештачка интелигенција (AI), инвестирајќи 15,83 милијарди долари во вториот квартал, за разлика од 749 милиони долари една година претходно.

„Централното прашање за првиот квартал на SpaceX како јавна компанија беше дали машината зад оваа приказна навистина функционира, а на тоа прашање Илон Маск и неговиот тим донесоа неколку позитивни работи“, изјави Томас Монтеиро, аналитичар во берзанска компанија (Investing.com.)

Акциите на SpaceX паднаа за 7,5% во тргувањето по затворањето на берзата, откако во текот на денот пораснаа за 9,4%, во пресрет на објавувањето на резултатите. Акциите на компанијата се намалени за 8% од нејзината рекордна иницијална јавна понуда (IPO) во јуни. Тие би можеле да се соочат со дополнителен притисок со истекувањето на периодот на забрана за продажба (lock-up period) на Спеј Икс кој започнува во четврток, што може да ослободи бран акции од инсајдери и рани инвеститори на пазарот.