Американскиот претседател Доналд Трамп испрати предупредување до Тајван да не прогласува формална независност. Ова изјава следи по неговата дводневна посета на Кина и средби со откако средби со кинескиот претседател Си Џинпинг.
„Не барам некој да стане независен“, изјави американскиот претседател за „Фокс њуз“ во петокот, пo завршувањето на посетата на Кина.
Кинескиот претседател Си Џинпинг ги пречека американските гости со предупредување: Доколку Вашингтон погрешно ги управува своите односи со самоуправниот остров Тајван, САД и Кина би можеле да завршат со судир или дури и во отворен конфликт.
Трамп не одговори јавно и веднаш на тие коментари, воздржувајќи се од споменување на Тајван додека беше во Пекинг. Но, тој откако заврши посетата во авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон дома изјави дека цврстото противење на Си може да го натера да размисли повторно за планираната продажба на американско оружје на Тајпеј, јавува новинската агенција Асошиејтед прес.
Трамп изјави дека не одлучил дали да продолжи со голема продажба на оружје, што дополнително ја зголеми неизвесноста околу поддршката на САД за Тајван.
Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те претходно изјави дека Тајван не треба да прогласи формална независност бидејќи веќе се смета себеси за суверена нација.
САД долго време го поддржуваат Тајван, вклучително и обврзувајќи се со закон да му обезбедат средства за самоодбрана, но честопати мораа да го усогласат овој сојуз со одржување дипломатски односи со Кина.
Трамп претходно изјави дека „не презел никаква обврска“ во врска со самоуправниот остров – кој Кина го смета за дел од нејзина територија и не ја исклучи можноста за негово преземање со сила.
Владата на Тајван на 16 мај во сабота го истакнаа случајот за снабдување со оружје од САД, велејќи дека тоа се базира на американскиот закон и служи како заедничко средство за одвраќање од регионалните закани, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека не донел одлука за идните продажби.


