Трет починат од маларија во близина на аеродромот во Франкфурт

Објавено:

Во околината на Франкфурт од маларија починало и трето лице за кое се сомнева дека се заразило преку комарци кои во овој германски град пристигнале со еден од авионите, соопшти во четвртокот градската управа на Франкфурт.

Во меѓувреме се регистрирани шест случаи на заболени од маларија и три смртни случаи. Лицето кое починало вчера е првата погодена личност која не е вработена на аеродромот во Франкфурт, туку живее во негова близина.

Како што е потврдено, третото починато лице во последно време ниту престојувало на аеродромот, ниту патувало во некоја од областите во кои е присутна маларијата, па се претпоставува дека комарците што ја пренесуваат маларијата се прошириле и во околината.

Компанијата „Фрапорт“, која управува со аеродромот, ги предупредила своите вработени при најмал симптом, како што е покачена температура, да побараат лекарска помош. Истото им се препорачува и на жителите кои живеат во близина на еден од најголемите аеродроми во Европа.

Заразувањето со маларија преку комарци кои се транспортираат со авионски сообраќај е ретко. Во периодот од 1969 до 2024 година, во Европа се регистрирани 145 случаи на ваква зараза, од кои најголем број во Франција и Белгија.

Последни објави