Во експлозија во Кина загинаа 26 лица – роботи меѓу спасувачите

Објавено:

Во експлозија во фабрика за огномет во кинеската покраина Хунан загинаа 26 лица, а повредени се 61. Тоа го натера претседателот Си Џинпинг да нареди темелна истрага, објавија државните кинески медиуми.

Снимките на социјалните медиуми покажаа огромни облаци од чад што се издигаат кон небото.

На местото на настанот се испратени пет спасувачки екипи, со речиси 500 луѓе, како и три роботи за спасување.

Две складишта со црн барут во комплексот на фабриката претставуваат опасност од висок ризик, се наведува во извештаите за несреќата.

Властите ги евакуирале жителите од опасните зони и воспоставиле зона за спасување од еден километар и контролна зона од три километри.

Експлозијата се случила во компанијата за огномет „Хуашенг“, објавија државните медиуми.

Одговорното лице во компанијата е приведено, а дополнително ќе се утврдува причината за несреќата.

Минатата година, Кина извезе огномет во вредност од 1,14 милијарди долари, што е повеќе од две третини од глобалната продажба.