Бугарскиот премиер Радев побарал од Трамп да ги укине визите за Бугарите

Објавено:

Премиерот на Бугарија, Румен Радев, побарал Соединетите Американски Држави (САД) да ги укинат визите за бугарските граѓани, јави Nova.bg.

„Радев имаше телефонски разговор со Трамп. Радев му го постави прашањето за укинување на визите за бугарските граѓани. Ова го најави премиерот пред состанокот на Советот на министри и посочи дека очекува ова прашање да се разгледа итно“, пренесе Nova.bg.

Радев бјави дека имал телефонски разговор и со министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет.

„Знаете дека на аеродромот во Софија има воени авиони и тенкови на американските воздухопловни сили – наш стратешки партнер и сојузник. Авионите престојуваат таму со одобрение од кабинетот „Жељазков“, со рок на престој до крајот на мај. Очекувам американската страна да побара продолжување на нивниот престој на аеродромот во Софија“, изјави Радев.

Партијата „Прогресивна Бугарија“ на Радев свои 44,6% од гласовите на парламентарните избори во Бугарија на 19 април, со што доби мнозинство места во парламентот со 240 пратенички места и формира влада.

Тоа беа осми парламентарни избори во Бугарија од 2021 година, со цел излез од политичката криза која траеше пет години бидејќи ниту една партија не успеваше да освои јасно мнозинство, што доведуваше до серија предвремени избори и краткотрајни влади.