Две малолетнички гореле со цигара девојче во Кавадарци

Објавено:

Две малолетнички нападнале девојче на улица во Кавадарци – едната ја држела, додека другата ја горела со цигара, пријавила Е.К. (35), мајка на нападнатото девојче во полиција.

Нападот се случил на 16 ноември, на улицата „Сремски Фронт“. Два дена подоцна, на 18 ноември, бил пријавен во полициската станица во Кавадарци.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа во Кавадарци.

Последните податоци на УНИЦЕФ, објавени минатата училишна година, покажуваат дека 23 проценти од младите на возраст од 13 до 15 години пријавиле дека биле малтретирани од врсници во последните неколку месеци.