Астронаутите од мисијата на НАСА Артемис 2 ја заокружија првата човечка лунарна експедиција по повеќе од половина век со слетување во Пацификот во петокот, поставувајќи нови рекорди во близина на Месечината со елеганција и радост, јавува новинската агенција Асошиетет прес.
Со завршувањето на летот, четворицата астронаути ѝ отворија пат на НАСА за слетување на Месечината со нов екипаж за само две години, како и за воспоставување на целосна лунарна база во текот на оваа деценија.
Триумфалните освојувачи на Месечината астронаутите Ред Висеман, Виктор Гловер, Кристина Коч и Џереми Хансен излегоа од нивната капсула која се нишаше на брановите на Тихиот Океан во близина на брегот на калифорнискиот Сан Диего.
Во сцена што потсетува на историските мисии од програмата Аполо, воени хеликоптери ги подигнуваа астронаутите еден по еден од надувлив сплав прикачен на капсулата и ги пренесуваа до бродот на морнарицата што ги чекаше.
„Ова се амбасадорите на човештвото кон ѕвездите што ги испративме таму, и не можам да замислам подобар екипаж,“ изјави администраторот на НАСА Џеред Ајсман, од спасувачкиот брод.
„Успеавме,“ изјави Лори Глаз од НАСА на прес-конференција.
„Добредојдовте во нашата мисија кон Месечината“, додаде таа.
Нивната вселенска капсула Орион го изведе целиот влез во атмосферата на автоматски пилот со бризна која е 33 поголема од брзината на звукот.
„Системите за влез, спуштање и слетување функционираа според планот и последниот тест беше завршен како што беше предвидено. Овој момент им припаѓа на илјадниците луѓе од четиринаесет земји кои го изградија, тестираа и му веруваа на ова летало. Нивната работа заштити четири човечки животи кои патуваа со 25.000 милји на час и ги врати безбедно на Земјата,“ изјави помошник-администраторот на НАСА Амит Кшатрија.
Таа посочи дека оваа мисија, со технолошкиот и човечки капацитет го отвори патот за следната мисија, слетување на површината на Месечината.
„Рид, Виктор, Кристина и Џереми ги понесоа надежите на овој свет подалеку отколку што човекот патувал во повеќе од половина век. Пред педесет и три години човештвото ја напушти Месечината. Овојпат, се вративме за да останеме. Иднината е наша да ја освоиме“, изјави таа.
Со астронаути на бродот за првпат, инженерите го подложија вселенското летоало Орион на целосна евалуација во текот на летот. Екипажот ги тестираше системите за одржување на живот, потврдувајќи дека Orion може да поддржува луѓе во длабоката вселена.
За време на неколку демонстрации на управување, членовите на екипажот презедоа рачна контрола врз леталото, управувајќи со Орион за да ја потврдат неговата маневрабилност и да соберат податоци што ќе служат како основа за идните операции на приближување и спојување со летала за слетување со човечки екипаж во рамки на мисијата Артемис 2.

Екипажот спроведе серија тестови што ќе помогнат во планирањето на идните мисии на НАСА кон Месечината, вклучително и проценки за тоа како леталото функционира за време на физичка активност на екипажот, употребата на итна опрема и процедури, вселенските одела од системот за преживување на екипажот на Орион, како и други клучни системи на леталото.
За време на прелетот покрај Месечината на 6 април, астронаутите снимија повеќе од 7.000 фотографии од површината на Месечината и едно затемнување на Сонцето, при што Месечината го блокираше Сонцето гледано од позицијата на Орион. Меѓу снимките има впечатливи глетки од „заоѓање“ и „изгрејсонце“ на Земјата, ударни кратери, древни лавини текови, нашата галаксија Млечен пат, како и пукнатини на површината и варијации во бојата на лунарниот терен.
Тие ја документираа топографијата долж терминаторот, границата меѓу лунарниот ден и ноќ каде нискиот агол на сончевата светлина создава долги сенки, обезбедувајќи услови на осветлување слични на оние во регионот на Јужниот пол, каде што астронаутите се планира да слетаат во 2028 година. Екипажот, исто така, предложи потенцијални имиња за два лунарни кратери и пријави блесоци од удари на метеороиди на ноќната страна на Месечината.
Како дел од нова „златна ера“ на иновации и истражување, НАСА ќе испраќа астронаути од програмата Артемис на сè покомплексни мисии за да истражуваат поголем дел од Месечината, да придонесат за научни откритија и економски придобивки, да воспостават долготрајно човечко присуство на нејзината површина и да ги постават темелите за испраќање на првите астронаути — американски астронаути — на Марс


