Американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) ги објави фотографиите од планетата земја направени од астронаутите во рамки на мисијата „Артемис II“.
„Добро утро, свету! Имаме спектакуларни нови фотографии со висока резолуција од нашата матична планета, сите ние гледаме низ прозорецот на капсулата ’Орион‘ кон нашите астронаути од Артемис II додека го продолжуваат своето патување кон Месечината“, порачаа од агенцијата.
Од НАСА објавија две фотографии, објаснувајќи дека на едната се гледа како Земјата ѕирка низ прозорецот на капсулата, додека на другата „ја гледаме нашата матична платена во целост“.
На втората слика, ја гледаме нашата матична планета како целина, осветлена во спектакуларни сини и кафеави нијанси. Зелена аурора дури и ја осветлува атмосферата.

Од агенцијата исто така објавија уште една фотографија на која се гледа поделбата на планетата помеѓу ноќта и денот.
„Без разлика дали сме будни или сонуваме, сите сме заедно на оваа планета“, порачаа од НАСА на социјалните мрежи.
Во екипажот кој се наоѓа во капсулата што беше лансирана во рамки на мисијата Артемис II има четири астронаути.
Во рамки на десетдневната мисија тие ќе орбитираа околу Месечината и ќе тестираат нова генерација вселенска технологија.
Тие нема да слетаат, туку ќе направат круг околу Месечината и ќе се вратат. За разлика од „Артемис I“ (која беше без луѓе), оваа мисија ќе носи астронаути. Целта е да се тестираат системите пред следната мисија, „Артемис III“, која треба да слета луѓе на Месечината.


