Кина ги обвини Филипините дека истовариле персонал на спорен гребен во Јужното Кинеско Море во неделата, додека Манила соопшти дека ќе испрати бродови за да ги избркаат кинеските бродови за кои, според неа, спроведуваат нелегални истражувања.
Размената на овие обвинувања е продолежение на низата на засилени тензии меѓу Кина и Филипините, сојузник на САД, околу Сенди Кеј, неокупиран песочен рид во Јужното Кинеско Море.
На 3 мај, крајбрежната кинеска стража соопшти дека идентификувала петмина филипински припадници кои се истовариле на Сенди Кеј, акција што Пекинг ја нарече „нелегална“, како што јавува кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“. Во извештајот не е наведено дали и какви мерки презела кинеската војска против Филипинците.
Манила минатата недела соопшти дека ја испратила својата крајбрежна стража во Сенди Кеј откако извештаите на државните медиуми покажаа дека кинески припадници на крајбрежната стража пристигнале на Сенди Кеј држејќи кинеско знаме.
Односите меѓу Кина и Филипините се затегнати поради територијални спорови во Јужното Кинеско Море, каде што Пекинг тврди дека има суверенитет над речиси целиот воден пат.
Исто така во неделата, портпарол на филипинската крајбрежна стража изјави дека Манила идентификувала четири кинески бродови кои спроведуваат, како што наведува, нелегални истражувања во нејзините води и се заканила дека ќе распореди авиони и бродови за да ги принуди да се оддалечат.
Кинеското министерство за надворешни работи и филипинската амбасада во Пекинг не одговорија веднаш на барањата за коментар.


